Вилнев навреден од споредбата на Лауда

287

Жак Вилнев е многу навреден од коментарите на Ники Лауда и неговата споредба на Макс Верстапен со таткото на канаѓанецот, Жил Вилнев.

Пред трката во Канада, Луда го нападна Верстапен дека бил премногу склон кон инциденти на последните неколку трки.

Би го прашал колку пати сака истите грешки да ги прави? Тешко е да се балансира и знам дека не е лесно – истакна Лауда.

По тие коментари, Ники направи споредба на Верстапен со уште еден голем темперамент од историјата на Формула 1, Жил Вилнев. Но доколку тоа требаше да звучи како комплимент за било која страна, имаше негативен ефект. Синот на Жил, шампионот од 1997 година, Жак, сериозно беше навреден од споредбата.

Се согласувам дека Верстапен превзема ризик, исто како татко ми што правеше, но има голема разлика. Мојот татко ги почитуваше противниците и учеше од своите грешки.

Тој имаше поинакво детство. Искрено, не ја разбирам споредбата воопшто. Верстапен прави грешки на секоја трка. Се случува постојано. Ако возач постојано прави грешки, тој мора да се смири и да забави малку – изјави Жак.

Вилнев потоа сугерираше дека старото ривалство имало удел во споредбата на Лауда помеѓу Верстапен и Жил Вилнев, кој возеше за Ферари помеѓу 1977 и 1982 година.

Можеби Лауда уште се справува со одлуката на Ферари да го заменат него со мојот татко – додаде Вилнев.


Вилнев навреден од споредбата на Лауда

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>