Вилнев: Вилијамс се мртва екипа

330

Поранешниот Формула 1 шампион, Жак Вилнев смета дека Вилијамс се мртва екипа по очајната Формула 1 сезона која ја имаат британците. Сергеј Сироткин и Ленс Строл се константно последни на крајот од трките, а очајни се и на квалификациите.

Тимот од Гров донесе доста новини во домашниот Силверстон, но деловите беа сосема непродуктивни откако донесоа извртување на двата болиди, а потоа и старт од боксот поради работа врз болидите во Парк Ферме.

Канаѓанецот Вилнев освои титула токму со Вилијамс во 1997 година и тој е последен од 7те возачи кои донеле титула во Гров, но смета дека одлуката на Френк Вилијамс да ја назначи ќерка си за главен човек на тимот наместо неговиот син Џонатан е контрапродуктивно.

Екипата е мртва. Нема никаква причина да постои, нема менаџмент, а имаа вистинска можност да направат правилен избор.

Но, да се стави Клер главна на тимот наместо Џонатан е огромна грешка. Гледајте каде се наоѓа екипата во моментов.

Кога работите не одат како што сакаме, треба да почнеме од врвот на придамидата затоа што се почнува од таму. Тие не разбираат што да превземат следно. Морам да признаам дека не успеваат ништо и не гледам начин како би излегле од оваа криза.

Проблемот е тоа што имаат двајца возачи без искуство, а тоа е многу тешко за тим кој се развива. Им треба барем еден искусен возач за вториот да учи од него, да се притиска и да излезе од криза. Во моментов на Вилијамс им е многу тешко – заклучи Жак.


Вилнев: Вилијамс се мртва екипа

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>