Вилнев: Верстапен е преценето дете

278

Поранешниот Формула 1 првак, Жак Вилнев, жестоко го критикуваше Макс Верстапен изјавувајќи дека холананецот е преценето дете и дек е инфериорен во однос на колегата Даниел Рикардо.

Макс имаше проблеми на сите досегашни трки, во Баку се судри со колегата, во Бахреин со Хамилтон, во Кина со Ветел, а во Монако заврши во ограда по што почнаа шпекулациите околу неговата иднина во Милтон Кинс. Сепак 20-годишникот покажа одлични перформанси во Канада, заврши на 3то место зад Себастијан Ветел и Валтери Ботас.

Врвниот возач треба да биде среќен за своите грешки со цел да напредува, а Макс не е таков. НАместо тоа, тој покажува недостаток на почит, култура и образование во своите изјави.

НА некој начин тој сеуште е дете, изваден е од лулашката и ставен во болидот. Поради тоа не е на нивото на Рикардо, а дури и изгледа лошо на патеката.

Ако Ред Бул го сметат сериозно за во иднина, тој мора да го победи својот тимски колега. Преценет е.

Работата на новинарите е да известуваат за факти, дури иако Верстапен одговорил на такво прашање сто пати. Одговорноста на возачот е да одговара ако прашањето е оправдано, така што Верстапен не смееше да реагира на тој начин на прес конференцијата во Канада – заврши Жак.


Вилнев: Верстапен е преценето дете

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>