Вилијамс ќе продолжи да го користи спорното крило

128

Вилијамс ќе продолжат да го користат задното крило кое им предизвика огромни проблеми со аеродинамиката во Силверстон. Екипата од Гров го нарече проблемот “феномен“ откако Ленс Строл и Сергеј Сироткин се извртеа за време на К1.

Се покажа дека нестабилноста на задното крило и неговата нетрпеливост со подот по деактивација на ДРС било проблем кој ги уништи квалификациите не акипата.

Пади Лоув, техничкиот шеф на екипата појасни дека ќе продолжат со новото крило и во иднина.

Ставивме некои нови делови на болидот и ќе направиме нормална проценка да видиме каква е нивната стабилност. Ги адаптиравме истите како на пример ладењето и го променивме подог од Петок со оној кој треба да се користи на трка кој е малку посилен, а потоа се фокусираме на проблемите кои беа катастрофални за двата болиди на квалификациите.

На еден од болидите проблемот се случи на една ДРС зона, на другиот болид се случи на друга ДРС зона, а на третата никој болид немаше проблем. Се работеше за екстремно губење потисна сила што не е воопшто безбедно, а се разбира дека не можевме да си дозволиме да се тркаме брз ДРЗ и моравме да го промениме крилото.

Не знаеме што било причината така што најдобро беше да се вратиме на деловите со кои немавме никакви проблеми. Сигурен сум дека постои начин со кој новото крило може да работи како што треба, само што треба да го најдеме. Мислам дека нема ништо фунтаментално погрешно со крилото и ќе продолжиме да го користиме – најави Пади.


Вилијамс ќе продолжи да го користи спорното крило

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>