Вилијамс силно охрабрени од перформансите

50

Возачите на Вилијамс, Ленс Строл и Сергеј Сироткин се презадоволни од перформансите на тимот откако двајцата беа најбрзи кои испаднаа во К2, а канаѓанецот за десетинка не мина и понатаму.

Тимот од Гров е единствен без поени сезонава, а најдобар резултат им е 14то место на Строл, но во Баку изгледаа одлично. Строл ќе ја почне трката од 11то место, а Сироткин немаше чист круг и ќе почне зад него. Сепак, двајцата ќе напредуваат по една позиција поради казната од 5 места поради промена на менувачот на Нико Хулкенберг.

Среќен сум и задоволен затоа што очигледно е што направивме чекор напред викендов споредено со минатите неколку трки.

Квалификациите беа тешки со сите жолти знамиња во К1 и се до последниот момент немав добар и чист круг така што можам да бидам задоволен што напредував понатаму. Сепак, задоволен сум од мојот круг во К2.

Оваа патека има по малку од се, брзи правци, многу бавни кривини, ѕидови, драма, така што добри сме.

Би било убаво да имавме повеќе вакви патеки затоа што навистина се возбудливи. Видовме дека и другите болиди кои вообичаено одат во К3 имаа проблеми денеска, така што ќе биде многу интересно утре – смета Ленс.

Русинот Сироткин исто така е презадоволен од тимот и механичарите кои го поправија неговиот болид по сударот во оградата кој го имаше на Т3 пред квалификациите.

Од претходните сесии заневме дека имаме потенцијал. Морам да му се заблагодарам на тимот затоа што работеа без престан и завршија фантастична работа што ми овозможија да се квалификувам. Навистина сум среќен и задоволен од овој резултат.

Сеуште мислам дека мжевме да најдеме дополнително време, но не сум сигурен дека имавме сила за К3, но ќе беше многу поблиску.

Напредуваме, имаме прогрес и правиме одлична работа. Сепак, мораме да ги почекаме и утрешните резултати, но благодарам на сите – појасни Сироткин.


Вилијамс силно охрабрени од перформансите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>