Вилијамс остана без главниот дизајнер

118

Вилијамс потврди дека нивниот долгогодишен главен дизајнер, Ед Вуд, змаинал од екипата поради лични причини.

Можеме да потврдиме дека Ед Вуд одлучи да замине од Вилијамс поради лични причини. Како главен дизајнер Ед беше клучен во многу успеси во текот на неговото време поминато во екипата. Сакаме да му се заблагодариме на Ед за неговата напорна работа минатите 12 години, неговото искуство, вештини и страст за тимот беа од огромна корист за Вилијамс – гласи соопштението од тимот.

Вуд беше дел од екипата од Гров 12 години каде дојде од Продрајв во 2006 година каде исто така беше главен дизајнер. Исто така, има претходно работно искуство во истражувачкиот оддел на Ферари, и како развоен инженер во Рено.

Вилијамс има очајно слаб старт на сезоната со својот ФВ41 болид, а по поените во Баку, се очекува многу од новините кои треба да пристигнат викендов во Шпанија. Инаку, ова е второ заминување од некоја екипа кој потфрлила оваа година откако минатиот месец Тим Гос замина од Мекларен, а шпекулациите во моментов велат дека ПАди Лоув ќе го земе кај себе својот поранешен соработник.


Вилијамс остана без главниот дизајнер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>