Патеката во непосредна близина на Барселона прв пат го нагости Формула 1 циркусот во 1991 година. Новата патека не беше пречка за епски дуел помеѓу Најџел Мансел со Вилијамс и Аиртон Сена со Мекларен.

Мансел мораше да победи за да остане во конкуренција за титула и поради тоа го нападна Сена на стартно целната рамнина во дуел што ќе се памети. Бразилецот беше минат, но преку боксовите се врати пред Мансел. Дождот се појави на патеката, а Аиртон се изврте на последниот свиок и ја загуби позицијата со што Најџел мораше да го мине уште Бергер за да победи.

Одличниот маневар на возачот на Вилијамс во 21от круг му ја донесе победата со 21 секунда предност.


Видео: Мансел и Сена на првата трка во Барселона

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>