(Видео) Верстапен во ограда на Т2

269

Макс Верстапен не е претерано загрижен за својот судар на Т2 затоа што секогаш се чувствувал самоуверено во Силверстон. Холанѓанецот комплетираше само 2 круга за 90 минути откако имаше надуправување на кривината Луфилд по што заврши во оградата. Штетата беше преголма за да може болидот да се поправи до крајот на тренингот.

Мислам дека сакав да минам пребрзо на хард компонентата. За жал начинот на кој удрив во ѕидот го оштети целиот заден дел. На крајот на денот знам дека не е идеално да се загуби целата втора сесија, но чувството кое го добив за болидот на првата сесија е одлично. Во однос на балансот не сме далеку од посакуваното, но губиме доста време на правците – објасни Верстапен.

Макс имаше проблеми и на првата сесија поради проблем со софтверот по што повторно не комплетираше 90 минути на патеката. Но, и покрај тоа холанѓанецот кој победи на последната трка не паничи.

Секогаш се чувствувам добро на оваа патека, така веше и денеска на Т1 со најдтврдите гуми. Ритамот беше добар, но изгледа дека не сме во борба за пол позиција утре, но ќе се обидеме. Барем имаме два нови сетови софт гуми што е позитивно.


(Видео) Верстапен во ограда на Т2

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>