Во 1982 година Австрија беше сведок на еден од најблиските финиши во историјата. По 53 кругови по патеката Остерајхринг, Елио де Анџелис на целната линија го имаше зад себе Кеке Розберг на само 5 стотинки. Само три Формула 1 трки во истроијата биле победени со помала маргина од таа.

20 години подоцна имаше уште еден ултра тесен финиш, но овојпат истиот беше проследен со контроверзија и свирежи од трибините. Рубенс Баричело водеше цел трка, но доби наредба од Ферари да го пропушти Михаел Шумахер кој се бореше за титула. Возачите ги заменија своите места на неколку метри пред целната линија, пред Михаел да му го предаде победничкиот трофеј на Рубенс и да го качи на највисокото скалило на подиумот.


Видео: Австриските драми во последен круг

14 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>