ВЕЦ: Алонсо победи на 6 часа Спа

515

Фернандо Алонсо на најдобар можен начин ја почна својата кариера во Ендјуранс серијата откако денеска победи на првата трка во шампионатот, 6 часа Спа Франкошамп. Алонсо победи од пол позиција заедно со Казуни Накаџима и Себастиен Буеми, откако другото возило на Тојота беше побрзо на квалификациите, но беше дисквалификувано.

Ова е прва победа во мотоспорт за Алонсо од 2013 година во Шпанија, каде победи со Ферари, бидејќи тој има очајни трки со Мекларен откако Хонда се врати во Формула 1 како партнер на Мекларен.

Тој се надеваше дека неговата статистика ќе дојде до таа на Михаел Шумахер, сепак тој се надева дека ќе стигне до таканаречената тројна круна со победа во Монако, Инди 500 и Ле Ман.

Единствен кој ја има тројната круна е Греам Хил. Алонсо има две победи во Монте Карло и имаше добра трка во Инди 500 пред да откаже неговиот мотор.

Тој никогаш нема победено на Спа, и за него ова е прва победа во ВЕЦ шампионатот и воедно на оваа патека.

Зад возилото со број 8 на Тојота, заврши другото нивно возило управувано од Конвеј, Кобајаши и Лопез, со задоцнување од 1,4 секунди. По Тојота, следуваа двата екипажи на Ребелион.

Во ЛМП2 класата победи Г-Драјв рејсинг управувано од Русинов, Верн и Пицитола, во ЛМ ГТЕ Про најбрзи беа Форс Чип Ганаси УК со Муке и Џонсон, додека во ЛМ ГТЕ Ам победи Астон Марин Рејсинг управувано од Дала Лана, Лами и Лауда.

Екипажот во кој дел беше и Пастор Малдонадо беше 12ти севкупно, а 6ти во ЛМП2.


ВЕЦ: Алонсо победи на 6 часа Спа

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>