Ветел: Така одат работите

1135

Себастијан Ветел ја изгуби победата, подиумот и водството во шампионатот, но остана  рамнодушен.

Германецот беше на пат кон победа во Азербејџан пред возачите на Мерцедес. Но тоа се смени со излегувањето на второто Безбедносно возило и влегувањето во бокс на Валтери Ботас.

Германецот се обиде да нападне во рестартот но отиде прешироко и падна на трета па на четврта позиција не можејќи  да се брани од Серхио Перез.

Задоволен сум што пробав, но не сум среќен што не успеав. Не мислам дека беше преоптимистички. Го гледав свиокот број 1 но немав референтна точка да видам до каде е. Кога влегов од внатрешна страна гумите ми се закочија. Делумно успеав во тоа. Имавме добра трка но работите се такви какви што се – појасни Себ.


Ветел: Така одат работите

7 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>