Ветел смета дека гумите се предност на Ред Бул

324

Иако нема ништо заедничко помеѓу патеките во Монако и Монтреал, сепак Себастијан Ветел смета дека Ред Бул имаат голема шанса за успех и на трката која следува. Жил Вилнев бара силен мотор и одлични сопирачки за долгите правци и бавните кривини, што теоретски ги става Ферари и Мерцедес во преден план.

Сепак, сиперсофт компонентата на пирели и импресивниот начин на кој РБ14 ја користеше истата во кнежевството може да значи уште едно одлично издание за нив.

Пред се мислам дека подобро ги користеа гумите од остантите екипи во Монако и јасно е дека тоа многу им помогна на претходната трка. Патеката овој пат е различна, не знам дали носат новини или не и так натаму. Мораме да почекаме и да видиме, но очекувам да бидат блиску како и на секоја друга трка, иако сепак се надевам дека ние ќе бидеме пред сите – посакува Ветел.

Многу критики беа упатени на смета ка здодевното Монако, но Ветел нема против уште една таква трка доколку тоа значи црвени болиди на чело на колоната на крајот.

Нормалено е понекогаш да имате здодевна трка, Монако не е најдобро место за претекнување, но тука треба да биде поинаку. Ако имаме здодевна трка во Недела, тоа не би ни сметало доколку нашите два болиди бидат на првите две места.

Ќе видиме дали можеме да победиме, засега имаме добри трки со долги правци и многу ефикасен болид сезонава. Тоа треба да ни помогне на ваква патека, сепак гумите ќе бидат клучни и мораме да се осигураме дека ќе работат како што треба и ќе траат. Тоа се клучните точки, ја сакам патеката и сакам да сум во Монтреал – заклучи Себ.


Ветел смета дека гумите се предност на Ред Бул

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>