Ветел: Се разбудив на десна нога

460

По тешко изминати тренинг сесии, Себастијан Ветел конечно успеа да го прикаже вистинскиот потенцијал во Монтреал за време на квалификациската сесија за Канадското Гранд При.

Ветел постави нов рекорд на патеката Жил Вилнев во походот кон својата 54та пол позиција во Формула 1. Неговото време од 1:10.776 беше само десетинка побрзо од тоа на Валтери Ботас во Мерцедес.

Возачот на Ферари инсистира дека не го криел своето темпо во тренинг сесиите и дека е воодушевен што наеднаш се почнало да функционира во квалификациите.

Во петочните сесии имавме проблеми. Не бев задоволен со болидот, имавме мали проблеми и не можев да го најдам ритамот. Во суштина ја сакам оваа патека, но тренингот беше тежок. Благодарност до тимот, кој го поправи болидот откако имав мал контакт со бариерите.

Денес формата се појави. Изгледа се разбудив на десна нога! Болидот беше неверојатен, стануваше се побрз и побрз. Сесијата помина без проблеми, а во однос на стратегија, го направивме тоа што го планиравме.

Во мојот последен круг имав мала грешка, но мислам дека можев да се подобрам. Каков ден. Беше фантастично. Навистина сум среќен. Имавме многу публика, во шнолата беше многу кул, имаше толку многу фанови. Многу фанови на Ферари. Многу добар ден – изјави Ветел.

Ветел дефинитивно не е убеден дека Ред Бул донесле правилна одлука да ја стартуваат трката со хиперсофт.

Не верувам дека хиперсофт се добри пневматици за трката. Малку сум изненаден што двата болида на Ред Бул се на таа стратегија. Но претпоставувам дека имаат своја причина – додаде Ветел.


Ветел: Се разбудив на десна нога

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>