Ветел: Се обидов да ја убијам магијата на Мерцедес

679

Себастијан Ветел откри дека сакал да покаже и докаже дека е брз со своето Ферари во текот на денешнтие сесии. Тој имаше најбрзо време кое беше две десетинки побрзо од она што го возеше неговиот конкурент од Мерцедес, Луис Хамилтон. Ова е прв пат сезонава германецот да биде на врвот на некоја петочна сесија, а Себ сакал да покаже дека може да биде многу брз уште од почетокот на тркачкиот викенд.

Добар Петок. Имавме тешки први сесии минатите викенди, но за промена овие изгледаат како добри сесии.

Се обидовме да ја убеиеме магијата на Мерцедес, но очигледно дека тоа се обидуваме да го правиме последните години, а мислам дека овој пат многу добро успеавме да го направиме тоа.

Вистина е дека тие се секогаш многу брзи овдека и очекуваме утре да бидат посилни од денеска, но се надеваме дека ние ќе бидеме со нив и многу блиску до нив. Тоа ќе биде добра вест за нас.

Историски Силверстон не е многу добра патека за нас, но денеска стартот кој го покажавме е одличен, а се надевам дека утре дополнително ќе се подобриме. Можеби не сме фаворити на оваа патека, но во однос на лани мислам дека имаме многу поголем потенцијал, а на потег сме ние за да извадиме максимум од овој болид со кој располагаме – изјави Ветел.

На последните тркачки викенди Себастијан се жали дека не е во можност да извади максимум од Ферари на првиот ден, но викендов по се изгледа нема да биде така.

Се што денеска ставивме на болидот одлично работеше така што направивме чекор во добра насока, но уште поважно е што балансот беше на вистинско место и имав добар ритам уште од почетокот на денот.

Гумите беа топли, беа претопли, но тоа е исто за сите. Јасно е дека магијата викендов ќе биде да се држат гумите колку што може поладни – заврши Себ.


Ветел: Се обидов да ја убијам магијата на Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>