Ветел: Рикардо имаше се под контрола

189

Себастијан Ветел се помири дека и покрај проблемите со моторот, неговиот поранешен тимски колега, Даниел Рикардо, имал одговор за се во текот на 78те кругови низ улиците на Монте Карло.

Германецот од Ферари ја почна трката од второто место, но во ниеден момент не успоеа да го предизвика австралијанецот за превземање на првото место.

Надеж за победа се појави во 28от круг кога Рикардо пријави проблеми со моторот, но и покрај тоа што немаше доволно брзина на правците, Ферарито не успеа да го претекне РБ14, поради тоа што Даниел одлично менаџираше со гумите.

Мислам дека имавме добар ритам, но трката е таква, а Даниел имаше одговор за се во секое време.

За време на првата серија не можев лесно да го следам, а почнав да притискам посилно откако Луис влезе во бокс. Во тие моменти беше навистина посилен од мене и не можев да го следам.

Многу брзо ми заврши векот на гумите. Тој имаше проблем, јас се обидов по рестартот да се доближам, но немав верба во гумите и губев навистина многу. Ќе беше навистина убаво да можев да притискам до самиот кај – појасни Ветел.


Ветел: Рикардо имаше се под контрола

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>