Ветел: Развојот ни помогна да ги стигнеме Мерцедес

424

Себастијан Ветел смета дека подобрувањата кои Ферари ги направила на нивните болиди за Силверстон е главната разлика која им овозможила на италијанците да го поразат Мерцедес. Во текот на сезоната, Ферари се доближуваат се повеќе и повеќе до Мерцедес, но сега навидум изгледа дека тие се во предност.

Како што Мерцедес го стори тоа во Австрија, Ферари донесе многу новини во Британија. Меѓу другото и целосно нов дизајн на подот. За да се поразат доминантните Сребрени Стрели на оваа патека, лидерот во првенството смета дека подобрувањата играле клучна улога.

Ова не е едноставна патека, мора да имате правилен баланс од потисна сила и отпорна сила. Мислам дека имаме добар болид, донесовме нови делови, функционираа, така што сме многу среќни со резултатот.

Чувството беше добро. Во квалификациите не толку поради проблемите со вратот. Извозев минимален број на кругови, а имав и потпора на вратот како подршка во свиокот 8, кој што е со полна брзина – изјави Ветел.

Ветел сега патува кон Германското Гранд При. Хамилтон има шанса да му врати на ривалот на неговата домашна трка. Првенството станува се поинтересно, а сега зависи од Мерцедес како ќе одговори.


Ветел: Развојот ни помогна да ги стигнеме Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>