Ветел очекувал силен Мерцедес

352

Себастијан Ветел изјави дека не е изненаден од перформансите на Мерцедес на квалифкациите за Големата награда на Шпанија. “Сребрените стрели“ имаа добри квалификации на сите трки, а овој пат го освоија првиот ред. Со тоа се прекинува серијата на Ветел од три последователни пол позиции.

Очекувавме силен Мерцедес. Симнувам капа. Мислам дека беше чудно што толку време се мачеа. Мора да се признае дака на последните две квалификации тие изгубија нешто. Но, сега го вратија и тоа тие се на нормала – истакна Себ.

Ветел призава дека денешниот резултат не е поради никаква грешка во таборот на Скудерија Ферари.

Мислам дека мора да признаам дека тие беа побрзи од нас и дека до денес не знаеја што се случи во Кина. Ние треба да работиме, а од ден на ден се случуваат различни работи. Не е ништо, кај нас е тоа веќе долго време. Така функционираат работите. Добро е ако сте на страната што функционира.

Ферари беа одлични на К1 и К2, првите два квалификациски сегменти, додека Мерцедес беа најбрзи кога се одлучуваше за пол позиција, односно на К3..

Се на се беше добра сесија. К1 беше добар, болидот беше одличен. Во првиот обид во К3 не бев лош но направив грешка во првиот свиок. Во првиот сектор бев побавен и се обидов да се поправам, но тоа не беше доволно за пол. Немав добро чувство со тој се гуми и се вратив по назад по софт гуми што беше одлича работа. Тој круг бев побрзи и бев задоволен.

На крајот видов дека моето име не беше на врвот и поради тоа е сум целосно среќен. Утре ќе биде интересна трка. Со нетрпение ја очекувам и се надевам дека гледачите ќе уживаат. Прво да го видиме стартот па за понатака ќе видиме затоа што ќе биде долга трка. Дури и ако стартот не е како што треба, имаме силен болид за да се бориме – заврши германецот.


Ветел очекувал силен Мерцедес

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>