Ветел недоволно брз

494

Себастијан Ветел предупреди дека во неговото Ферари има уште многу перформаси за остатокот од тркачкиот викенд, откако немаше фантастични перформанси во текот на петочните сесии. Втората сесија германецот ја заврши на ниското 5то место со 8 десетинки зад Верстапен, но комплетираше и доста помалку кругови од ривалите.

Возачот на Скудерија се пожали дека не се чувствувал удобно во болидот, а за брзината на болидот сведочи и второто место на Кими Раиконен, веднаш зад најбрзиот во текот на Т2 сесијата вчера попладне.

Мешан ден за нас денеска и не сум целосно задоволен со чувството во болидот, некои работи ги пробавме и мислам дека треба да поработиме на истите. Исто така немав добар ритам што ми недостасуваше, но се обидовме да ја комплетираме зацртаната програма колку што што можеме подобро. Ми фалеше и ритам поради што пропуштив доста кругови.

Денеска не сме фаворити, Кими беше позадоволен со брзината во еден круг и веројатно тој изгледа како еден од фаворитите, но не и јас. Сепак, ќе видиме во Сабота – појасни Себ.

Германецот од Ферари нема победено на трка од почетокот на сезоанва кога “врза“ две победи по ред. Неговата единствен победа во Монтрела беше во 2013 годиан за Ред Бул.


Ветел недоволно брз

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>