Ветел на квалификациите со повреда на вратот

568

Себастиајн Ветел откри дека не бил сигурен дека ќе може да се трка на квалификациите во Велика Британија поради повреда на вратот. Германецот комплетираше само 8 кругови на Т3 утрово по што замина на терапија. Но, и покрај повредата учествуваше на квалификациите и имаше фантастична битка со Хамилтон која ја загуби за 44 илјадитинки.

Да бидам искрен, утрово мислев дека нема да можам да возам на квалификациите и верувајте дека воопшто не уживав и не ми беше убаво на сесиајта, но добро испадна на крајот.

Не знам што се случи, но вратот ми е здрвен и моравме малку да го олабавиме. Не сум загрижен за трката затоа што брзината, а со тоа и притисокот ќе бидат многу помали одошто на квалификациите.

Бев задоволен со мојот прв круг во К3, знаев дека можам побрзо во последниот сектор, што мислам дека и направив во вториот обид, но загуби доста на правците. Не знам точно што се случи, мислам дека бев идентично брз во двата мои обиди, а половина десетинка може да најдете секаде. Првата серија секако ми беше многу подобра.

Убеден сум дека утре можам да бидам побрз. Видовте денеска дека можеме да го подигнеме ритамот кога сакаме, а традиционално трката е подобриот дел за нас – појасни Ветел по крајот на квалификациската сесија.

Германецот е дециден кога вели дека неговата екипа има доволно брзина и ритам да биде достоен ривал за “сребрените“ на утрешната трка.

Блиску сме, а јас почнувам од десната страна што е супер, но ако не минам од почетокот тоа е. Ќе видиме каков ќе биде првиот круг, мислам дека имаме одличен ритам и верувам дека ќе бидеме доста брзи.

Јасно е дека трката зависи од брзината, но и од менаџирањето на гумите, а знам од сериите во досегашните сесии дека ние сме добри во тоа.


Ветел на квалификациите со повреда на вратот

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>