Ветел лут на критиките од публиката

490

Новиот лидер во Формула 1 шампионатот, Себастијан Ветел, верува дека луѓето кои ги критикуваат трките како Канадското Гранд При дека се здодевни се многу кратковиди. Пред две недели луѓето беа незадоволни од трката во Монако, а гласни беа и самите возачи.

Мислам дека е неоправдано да се критикува тркањето или да се критикува самата трка. Не знам дали било здодевно, но од моја гледна точка во болидот цело време работите без разлика на кое место сте.

Не знам зошто лушето денеска се толку кратковиди, имавме седум трки годинава, некои беа феноменални, други беа здодевни. Следува Светскиот куп во фудбал и сигурен сум дека многу од натпреварите нема да бида возбудливи, а доста од нив ќе бидат неверојатни за гледање. Поради тоа секогаш треба да гледаме кон напред и да бараме начин да се подобруваме.

Ја вршиме нашата работа во болидот и ако можеме да се тркаме тоа и го правиме, но очигледно е дека нашата е ако можеме да исчезнеме од другите, да не не престигнат, да бидеме први и недостижни. Поради тоа некои трки се многу повозбудливи од други.


Ветел лут на критиките од публиката

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>