Ветел: Казните го попречуваат тркањето

290

Себастијан Ветел смета дека на Формула 1 возачите не им е дозволен да се тркаат едни со други поради многуте казни за било какви инциденти на патеката кои ги изрекуваат официјалните лица. Возачот на Ферари беше казнет со три позиции во пресрет на стартот во Австрија поради ненамерно блокирање на Карлос Саинз за време на вториот квалификациски сегмент иако инцидентот не наштети на никото.

Сум кажал дека не ги сакам овие казни, но исто така сум кажал дека за истите се виновин возачите затоа што на секој брифинг во Петок попладне се жалат за се и сешто, за секакви одлуки и неконстантности. Моторспортот не е црно-вел и не е лесно да се носат идентични одлуки и поради тоа не гледам потреба да се казнува секој пат.

Секој инцидент треба да се разгледа, а повеќе не е дозволено да се случуваат ни таканаречените тркачки инциденти. На крајот, завршивме со огромна книга со правила која треба да се вика “Не ние е дозволено да се тркаме“ затоа што кога ќе се прочита се добива тој заклучок.

Во Австрија, на пример, никој не беше оштетен, Карлос објасни дека нема проблем и целосно ме разбра мене и моето однесување така што веше релаксиран, но и покрај тоа јас завршив со казна. Тој ден за мене беше болно, веројатно друг ден за друг ќе биде болно, но такви се правилата, а се непотребни.

Не дека губите разум и правите нешто лудо со намера затоа што се обидувате да бидете на лимитот и нормално е понекогаш да погрешите. Сит е тие грешки се под истрага, а јас тој збор воопшто не го сакам – појасни Себ.


Ветел: Казните го попречуваат тркањето

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>