Ветел казнет 3 позиции на стартот

2534

Откако несмасно го блокираше Карлос Саинз во К1 на почетокот на денешната квалификациска сесија и беше под истрана од страна на стјуардите, возачот на Ферари, Себастијан Ветел доби казна од 3 позиции на стартот на утрешната трка. Тоа значи дека наместо од 3то место, ќе треба да стартува од 6то, пропуштајќи ги пред себе Кими Раиконен, Макс Верстапен и Роман Гросжан.

Стјуардите ги разгледале видео материјалите, го преслушале тимското радио, ги сослушале Ветел и Саинз и земале изјави од претставници на екипите.

Болидот број 5 (Себастијан Ветел) заврши со летечкиот круг и имаше бавен круг кон боксот, движејќи се бавно низ тркачката линија на првиот свиок од патеката. Возачот призна дека го минал болидот со број 55 (Карлос Саинз) помеѓу 7от и 8от свиок и претспотавувал дека тој влегол во боксот.

Но, болидот број 5 имал загревачки круг по што следувало летечки круг во кој многу брзо се приближувал до болидот број 5 по стартно целната рамнина и првата кривина.

Возачот на болидот со бтој 55 изјави дека сметал оти возачот на болидот со број 5 не бил свесен дека тој е позади него. Тоа го потврди и возачот на болидот со број 5 кој потенцираше дека не го видел другиот болид во ретровизорите, а тимот не го предупредил преку тимското радио. Истото беше потврдено и од претставниците на екипата.

Согласно тоа и покрај тоа што немал известување преку радиото, возачот на болидот број 5 требало подобро да ги користи ретровизорите и да не биде толку бавен и да се движи на тркачката линија низ воведниот свиок на квалификациите.

Согласно изречените казни од ваков вид од почетокот на 2016 година, казната од 3 позиции на стартот од трката е согласно правилата – гласи официјалното соопштение од стјуардите.

Освен позиции на стартот, Ветел доби и 1 казнен поен со што има вкупно 6 во изминатите 12 месеци.


Ветел казнет 3 позиции на стартот

40 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>