Ветел зачуден од Мерцедес

932

Себастијан Ветел е збунет од неконстаноста на Мерцедес оваа сезона и смета дека Ред Бул се многу поконстантни во своит еперформанси. По трката во Австрија Ферари го превзема водството во поредокот кај конструкторите, а Ветел го мина Луис Хамилтон во поредокот кај возачите.

На Ред Бул Ринг, двата сребрени болиди се откажаа поради дефект, а то беше прва трка по Шпанското Гранд При пред две години Мерцедес да не заврши трка со два болиди.

Спротивно на нив, по 3то место во Канада и 2то во Франција, Макс Верстапен донесе победа на домашната трка на Ред Бул. Хамилтон од своја страна најави дека престојниот Силверстон нема да биде трка како претходните години кога Мерцедес доминираше.

Со Мерцедес е многу тешко да се разбере зошто и како некогаш се силни и високо, а некогаш се бавни и ниско.

Ред Бул од друга страна се многу поконстантни, иако има некои патеки кои многу повеќе им одговараат од други.

Не знам што се случува. И ние имавме трки на кои бевме силни и други на кои не бевме убедливи од некои причини, но се подобривме во тие области.

Освен првиот круг на Пол Рикар, Франција беше позитивна за нас, многу позитивна ако ја споредиме со Барселона иако имаше сличен асфалтт, слични гуми. Во многу добра позиција сме за разлика од Мерцедес кои имаат големи подеми и падови – анализира Ветел.


Ветел зачуден од Мерцедес

11 коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>