Ветел: Грешките нема да влијаат во борбата за титула

251

Себастијан Ветел не е загрижен дека неговите грешки сезонава ќе влијаат над неговите шанси во борбата за титула, иако на последната трка го изгуби водството во генералниот пласман. 

Ветел имаше судар со болидот на Валтери Ботас во првиот свиок по стартот на Француското Гранд При, во кој што инцидент доби казна од 5 секунди, што пак доведе до финиш на разочарувачко петто место.

Четирикратниот шампион ја изгуби предноста од 1 поен и сега е 14 поени позади старо-новиот лидер, Луис Хамилтон.

Сударот во Франција е негова втора посериозна грешка во период од 5 трки, откако имаше судар и во Азербејџан, поради што ја заврши трката на 4 место. Иако изгуби драгоцени поени, германецот смета дека тоа нема да игра клучна улога во шампионската битка.

Постојат грешки кои не треба да ги правите, некои едноставно се случуваат. Зависи од видот на грешката. Сум имал многу трки и се се случува. Се обидувам да ги сведам на минимум, но не сум загрижен. Не сметам дека правам нешто фундаментално погрешно.

Грешките не се дел од планот, каков и да е истиот. Никогаш не се дел од планот, за никого. Има уште многу пред нас и нормално е да се случат такви работи во меѓувреме.

Очигледно возиме на лимитот. Во Баку не ни помислив да се откажам, или да пропуштам некого, само за да освојам поени. Тоа не го дефинира тркањето. Се обидов да ја искористам шансата. Се обидов, но не успеав. Понекогаш успева, одлично е, но понекогаш не.

На крајот на годината се обидувате да направите се правилно и ништо да не згрешите. Тоа е нормално. Тоа е и дел од возбудата, така што ќе видиме како се ќе заврши – изјави Ветел.

Ветел и Хамилтон имаат ист број на победи годинава, по 3 секој, а го променија водството во првенството неколку пати.


Ветел: Грешките нема да влијаат во борбата за титула

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>