Ветел: Го бркав Макс, но беше далеку

343

Ново-стариот лидер во возачкиот поредок, Себастијан Ветел, изјави дека трката во Австрија била намалување на штетата и од Ред Бул Ринг заминува со трето место, покрај 2то кое го обезбеди Кими Раиконен.

Ветел се квалификуваше на третата позиција, но сепак стартуваше од шестото место поради грид казна од три места. На стартот се обиде да надомести, борејќи се со Рено и Хаас и дури загуби позиција и падна на 8мо место. Сепак на крајот се врати назад и дојде до четвртата позиција, а  го и престигна Луис Хамилтон во трка на патеката

Потоа тој почна да цели на тимскиот колега Раиконен и првопласираниот Верстапен, но сепак тие беа предалеку за неговото Ферари.

Му кажав на Макс дека имаше одлична трка. Го бркавме до крајот но сепак беше предалеку од нас – откри Ветел.

За неговата трка, лидерот во шампионатот изјави:

Очигледно требаше да стартувам понапред. Се обидов во првиот свиок, но тоа не профункционира. Подоцна го изгубив моментумот и повторно се обидов во третиот свиок. Се борев со Рено и Хаас на почетокот и дури изгубив позиција.

Ова сепак беше намалување на штетата, но темпото беше добро и менаџирањето на гумите беше одлично. Можеше да е подобро но сепак ова е одлична победа за Макс – заклучи Себ.

Ветел ја напушта Австрија со еден поен предност пред Хамилтон во трката за титулата во пресрет на домашната трка за британецот на Силверстон.


Ветел: Го бркав Макс, но беше далеку

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>