Ветел ги негира обвинувањата на Хамилтон

1365

Себастијан Ветел од Ферари изјави дека е смешно да се помисли дека Ферари би жртвувале еден болид за да го тргнат ривалот и да го отворат патот за победа за нивниот друг возач. Луис Хамилтон беше вознемирен од Ферари и ги обвини за нечисти игри. На прес конференцијата Себ изјави:

Можам само да кажам дека во две трки Ферари прави инцидент со Мерцедес. Валтери и јас бевме дел од тие ситуации.

Смешно е да се мисли дека ова се прави намерно. Не верувам дека имало намера и мислам дека е непотребно да се оди натака – објасни германецот.

На трката германецот дојде до победа по борбата со Валтери Ботас во последните кругови. Тој излезе на втората позиција зад Безбедносното возило откако Ферари се решија да му стават нови гуми.  Секако тој ги искористи гумите, го презеде водството и победата.

Очигледно Безбедносното возило ја направи трката поинтересна и имавме добра борба со Валтери. Тој форсираше како лудак, а јас имав предност од гумите.

Сепак не беше лесно да се најде место но сепак го изненадив, не бев сигурен дали ќе влезам во свиокот, но се излезе добро. Благодарам на тимот за подршката и на луѓето во позадината. Вчера имав болки, но денес немам проблеми. Навистина сум среќен – заврши Ветел.


Ветел ги негира обвинувањата на Хамилтон

13 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>