Ветел во прашалници поради гумите

626

За Себастијан Ветел од Ферари, намалениот гумен слој на пневматиците кои Пирели ги донесе во Шпанија е најголем предизвик пред остатокот на тркачкиот викенд.

ФИА го прифати барањето на Пирели да го намали гумениот слој за 0,4 милиметри за трките во Шпанија, Франција и Велика британија поради целосно новиот асфалт поставен на ие патеки. Гумите дебитираат претстојниот викенд, а уште од самиот старт дел од возачит есе мачат со суперсофт компонентата.

Германецот е задоволен со новините на Ферари за викендов, но нотира дека голем предизвик се модифицираните гуми.

Се што ставивме на болидот работи како што треба што е многу важно. Мислам дека најголем предизвик да бидам искрен се гумите, се чини дека се доста различни. Не мислам дека се подобри на никој начин од претходно, но како и да е исти се за сите.

Денеска беше доста лизгаво и не можам да кажам дека имавме одличен ден. Имаме уште за работа на овој болид и треба да бидеме посилни утре – објасни Вете.

Себ смета дека има шанса да се бори за победа иако е свесен дека само ситници ги двојат Ферари, Мерцедес и Ред Бул.

Мислам дека можеме да се подобриме. Знам дека имаме уште за вадење од болидот и уште за вадење од мене, така што ако се биде како што треба ќе бидеме одлични утре. Не знам каде ќе завршиме затоа што е многу блиску од прво до шесто место. Се е во игра и многу е возбудливо.


Ветел во прашалници поради гумите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>