Ветел воодушевен од 50от триумф

258

Себастијан Ветел не обрнува големо внимание на фактот што го мина Луис Хамилтон во возачкиот поредок и во моментов води 1 поен во првенството. Тој победи со стил во Канада и водеше во текот на сите 70 кругови трка по Жил Вилнев.

Совршена трка веројатно е добар збор кој добро опишува. Неверојатно е. Вчера реков колку многу ова место му значи на Ферари и да се има ваква трка тука едноставно е неверојатно.

Ова е 50та Формула 1 победа за мене и дојде по долги години во кои Ферари немаше победа тука. Видов многу луѓе наоколу кои беа пресреќни со тоа.

Сепак, има уште многу до крајот на сезоната така што не обрнувам премногу внимание што го превзедов водството, но сепак и тоа е добар ефект.

Патеката Жил Вилнев и да се има Ферари како победува овдека денеска лично ме прави многу горд и почестен. Ова е ден на кој се сеќаваме на големиот Жил Вилнев – заврши Ветел.


Ветел воодушевен од 50от триумф

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>