Верстапен очекува многу тешка трка за Ред Бул

97

Макс Верстапен признава дека тимот на Ред Бул ќе има потешкотии да ја продолжи серијата на добри резултати против силните Ферари и Мерцедес на Британското Гранд При.

Холанѓанецот се квалификуваше на петто место, но не е толку блиску од првите четворица како досега. Проблемот за биковите е недостатокот на брзина на правците, особено на патека како Силверстон, која бара моќ. Верстапен, како и Рикардо, се сосема свесни за овој проблем.

Губиме повеќе од 1 секунда на правците, така што оваа патека е се помалку и помалку поволна за нас. Штета е, но болидот беше добар во квалификациите, особено во К3. Направивме неколку подесувања на предното крило и болидот е силен. Го знаеме тоа.

Во трката, ќе биде потопло, но сеуште ќе имаме потешкотии со тие пред нас. Имаат преголема предност на правците. Ние ќе мора да бидеме агресивни, а во жештината тоа не е идеално, но ќе видиме – изјави Верстапен.


Верстапен очекува многу тешка трка за Ред Бул

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>