Верстапен: Не треба да се бара виновник

1158

По 39 кругови одлично тркање, Макс Верстапен и Даниел Рикардо ја пропуштија шансата да освојат двојни поени за екипата, нешто што Верстапен го нарече непотребен инцидент.

Верстапен излезе пред Рикардо по боксовите и австралијанецот се обиде да го притисне. Тој го направи својот потег на што Верстапен одговори со двојна блокада и тие се судрија излетувајќи на првата кривина.

Навистина сум разочаран бидејќи изгубивме многу поени. Не треба да кажам кој е виновен. Ние се тркаме како тим, претставуваме многу луѓе и тоа се случува иако не е добро за нас.

Влечната сила беше преголема и кога дојдов пред него го стигав. Имавме слична брзина и бевме блиску. Мислам дека ваквото тркање е фер. Си дадовме простор.

Тоа што се случи понатаму не е добро. Треба да научиме од тоа и да не се повтори. Ќе разговараме со тимот за да не се повтори во иднина. Ако не ни дозволат да се тркаме мислам дека нема да напредуваме, но ќе видиме што ќе се случи – смета холанѓанецот.


Верстапен: Не треба да се бара виновник

18 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>