Верстапен не се откажува од титула

144

Три подиуми на последните три трки вклучително и победа во Австрија и Макс Верстапен смета дека сеуште има шанси за овогодинешната титула. Откако се мачеше на стартот на првенството, холанѓанецот ја најде својата форма почнувајќи од Канадското Гранд При.

Победата на домашниот Ред Бул Рин го донесе до салдо од 93 поени и 5то место во поредокот со 53 поени заостаток во однос на Себастијан Ветел.

Никогаш не се откажувам од предизвикот за титула. Во добра серија сум, но сеуште ни фали моќ од моторо за вистински да се вмешаме во борбата – смета Макс.

Тимскиот шеф на Ред Бул, верува дека Макс и Даниел Рикардо, кој патем е три поени пред него, сеуште имаат шанса да стигнат до титула.

Мислам дека и самите се гледаме како аутсајдери. Јасно е дека разговараме со Рено и јасно кажуваме дека мораме да добиеме повеќе моќ од нивниот мотор за да стигнеме до повеќе победи и што ли уште не.

Тоа што не загрижува е фактот што Мерцедес и Ферари неодамна направија значителен напредок, но јасно ни е дека во Формула 1 ништо не мирува.

Се надеваме дека во трктие кои следат ќе имаме големи придобивки затоа што ако направиме подобра работа на квалификации во Сабота, ќе имаме повеќе шанси во Недела на трка. Имаме силни и јасни стратегии, имаме одлична екипа во боксот и сметам дека мораме да се подобриме во Сабота за повеќе да се тркаме на врвот – изјави Хорнер за ESPN.


Верстапен не се откажува од титула

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>