Верстапен најавува борба

225

Макс Верстапен извозе одлична трка без грешки и ја освои неговата четврта победа во кариерата за прв пат на домашната трка на Ред Бул во Австрија. Тој сега цели да ги стигне возачите пред него во поредокот.

Иако се очекуваше на оваа трка Мерцедес да доминира по окупацијата на првиот стартен ред на вчерашните квалификации, сепак двата сребтени болиди откажаа и Верстапен борбено и безгрешно дојде до првата позиција.

Тој во моментов е на петта позиција со заостанување од 3 поени зад Даниел Рикардо и се надева дека ќе освои уште многу.

Беше неверојатно. Тешко беше да се менаџираат гумите. Морав да внимавам на нив до самиот крај. Ова е одлична победа за Ред Бул на Ред Бул Ринг пред толку холандски фанови. Ова е неверојатно. Треба да ги стигнам со бодови и оваа е одличен ден за мене и јас се надевам дека ќе продолжам вака – пресреќен беше Макс.

Во последните кругови Кими Раиконен од Ферари го стасуваше Верстапен, но немаше доволно кругови за да се залепи до него и да нападне.


Верстапен најавува борба

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>