Верстапен: Можеме и побрзо

130

Макс Верстапен е предмет на критика оваа сезона откако имаше проблеми со судари  иконтакти на трките оваа сезона, но како да се ресетираше во пресрет на Канадското Гранд При и беше најбрз по првите две петочни тренинг сесии.

Новиот мотор на Рено му помогна на холанѓанецот да постави најбрзо време на Т1 и Т2 сесиите пред конкурентите од Мерцедес и Ферари.

Лично се чувствувам добро, но сеуште не сме ја искусиле целата моќ. Имаме уште резерва и брзина ако тоа затреба.

Возевме со помало крило од останатите и поради тоа бев многу брз во последниот сектор, а во моите најбрзи кругови имав помош од болидите пред мене кои ме повлекоа. Мерцедес добива многу во кривините и мислам дека тоа е поради помалото крило кај нас. Болидот одлично работеше, но да не заборавиме дека помина само Петок.

Ако сесијата е како што треба убаво е што добиваме шанса да искусиме и долги серии. Првите 40 минути ни пукна гума и поради тоа не можев да возам долга серија, но потоа беше како што треба – појасни Макс.


Верстапен: Можеме и побрзо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>