Верстапен: Можев и повеќе на стартот

103

Откако стигна до подиум во Канадал Макс Верстапен очекува од Ред Бул да произведат болид кој ќе биде во можност да се бори за победа на секоја трка. Младиот возач беше под големо медиумско внимание од почетокот на викенто во Монтреал поради своите инциденти на сите трки оваа година, но доминираше со тренинг сесиите и покажа дека е во добра форма.

Иако беше најбрз дотогаш, квалификациите ги заврши на 3то местто зад Ветел и Ботас, но беше најбрз на К2 средниот дел, иако во тој момент неговото време беше со помеки гуми од конкурентите. Ред Бул доби нов агрегат од Рено во Монтреал, но сеуште не се задоволни од максималната брзина која сметаат дека е сегментот каде губат од конкурентите.

Имаме одличен болид, само го чекаме целиот пакет за да предизвикуваме за победа на секој тркачки викенд. Во Монако не сакав да притискам силно, затоа што јасно беше дека го имаме најдобриот пакет.

Денеска по малку пролизгувавме, но добро ги менаџиравме гумите. Некои трки се повозбудливи од други, секогаш било така. Анализирајќи го стартот мислам дека можев подобро, но не сакав да го истуркам Валтери од патеката – појасни Верстапен.

На холанѓанецот му се допаѓа што екипата работи на понатамошниот развој со подобрениот мотор од Рено и очекува придобивки на следните трки.

Пол Рикар е нова патека така што нормално е да се очекуваат некакви возбудувања, но важи за автодром на кој моторот исто така е многу важен. Нашиот болид е многу силен, но на правците по малку заостануваме што ни е хендикеп.


Верстапен: Можев и повеќе на стартот

11 коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>