Верстапен задоволен и покрај откажувањето

85

Макс Верстапен верува дека Ред Бул имаат добар пакет за вториот дел од сезоната и смета дека викендот во Британија бил позитивен иако тој се откажа од трката. 

Верстапен беше на петта позиција во завршницата на трката, пред да откажат неговиот brake-by-wire систем за сопирање и менувачката кутија. Холанѓанецот откри по трката дека имал проблеми со тој систем во текот на целата трка и се надевал дека ќе успее да ја заврши истата.

Иако додаде дека механички проблем не е добар начин да се заврши серијата од три последователни трки, тој се присетува на второто место во Франција, како и првата победа во Австрија во обидот да биде позитивен.

Не е добар начин да се заврши серијата од три трки, но за среќа претходниот викенд беше добар, а две недели претходно исто така беа позитивни.

Тоа е тркањето понекогаш. Сум поминал низ тоа повеќе пати и сигурно ќе се случи и во иднина, но секако посакував да завршам на петто место и да освојам поени. Сега сме со празни раце.

Беше прилично чудно, бидејќи во првите кругови имав проблеми со системот за сопирање, педалата падна на подот во свиокот 3, но потоа повторно функционираше. Но по второто безбедносно возило сопрев во свиокот 16 и педалата буквално падна, задните сопирачки се блокираа и се извртев од патеката. Ќе истражиме што навистина се случи.

Но, дури и без проблемот со сопирачките бевме премногу бавни на правците за да постигнеме подобар резултат. Можевме да забележите исто и со Даниел кога го нападна Ботас, со отворен ДРС ние ја имаме истата брзина како и тие без ДРС, така што немате многу опции.

Мислам дека сезонава бевме прилично ОК со издржливоста на болидот, така што штета е што се случи ова. Кога знаете дека имате тежок викенд, секако сакате да освоите поени.

Една позитива од викендот е што навистина мислам дека имаме добар болид – изјави Верстапен.


Верстапен задоволен и покрај откажувањето

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>