Верстапен: “До даска“ на првиот свиок не е за секого

318

Макс Верстапен смета дека минување низ првиот свиок на Силверстон под полна гас со отворен ДРС не е за секого и да се изведе тоа ќе биде вистински предизвик. ФИА додаде дополнителна ДРС зона на легендарната патека која ги вклучува летечките Аби и Фарм кривини што значи минување низ кривини со отворен ДРС, што со ниско ниво на гориво е бозбудливо, но со тежок болид е тешко остварливо.

Мислам дека нема воопшто да биде лесно и можеби само неколку екипи ќе може да го направат тоа, веројатно ние, Ферари и Мерцедес. Другите екипи ќе имаат потечкотии да “пролетаа3 на тој начин.

На трка, кога ќе имате ДРС, веројатно нема да бидете во можност да го минете со полна гас само затоа што болидот ќе биде тежок и тогаш силно притиска на гумите.

Најмногу ќе бидеме сведоци како луѓето се приближуваат до болидот пред себе и отпуштаат гас пред кривината – смета Макс.


Верстапен: “До даска“ на првиот свиок не е за секого

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>