Верстапен би пробал Инди или Ле Ман, но кога ќе остари

68

Макс Верстапен изјави дека би се пробал себеси во ИндиКар или Ле Ман, но кога ќе остари и нема да биде толку мотивиран. Во последниве две години Фернандо Алонсо проба да ја освои Инди500 и ВЕЦ шампионатот победувајќи на Ле Ман како дел од обидот да стане втор возач со тројната моторспрт круна.

Нико Хулкенберг има возено на Ле Ман во 2015 и покрај тоа што возеше во Формула 1 за Форс Индија. За Верстапен ова е начин да се занимаваат возачи кои не победуваат и го делат фокусот на повеќе серии.

Да работите нешто надвор од Формула 1 се случува само на возачи кои не победуваат. Кога го имате најдобриот болид на гридот секој може да победи. Секој возач може да победи со Мерцедес во последните 4 години. Сите го знаат тоа.Затоа не го гледате Хамилтон да работи друга работа.

Татко ми го имаше истиот проблем. Тој не побдуваше во Формула 1 и мотивацијата исчезнува. Исто и со мене. Во позиција сум да победам и мотивацијата е огромна. Не би сакал да возам на Ле Ман или Инди Кар. Можеби кога ќе бидам постар – го објасни своето гледиште Верстапен.


Верстапен би пробал Инди или Ле Ман, но кога ќе остари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>