Верстапен: Барселона е клучна за Ред Бул

120

Макс Верстапен очекува Шпанското Гранд При да биде одлучувачки момент во сезоната за Ред Бул по почетокот на сезоната преполн со грешки и судари од негова страна.

Холанѓанецот имаше две незавршени трки, двете резултат на судар, а кога заврши беше на 5то односно 6то место на крајот од трката.

По последното Гранд При во Баку тој е цо вентарот на вниманието поради сударот со тимскиот колега Даниел Рикардо.

Сите имаат комплетирано многу кругови во Барселона, но нетрпелив сум да го видам напредокот на болидите оваа сезона.

Имаме многу новини од следната трка и се надваме дека позитивно ќе влијаат и дека ќе бидеме поблиску до оние пред нас, иако сум свесен дека новини ќе има кај сите.

Оваа трка може да биде одлучувачки момент во сезоната и сакам да го видам нивото на перформанси кај сите. Верувам дека имаме брз болид, но сеуште ни треба максимална брзина за подобро да се бориме.

Нетрпелив сум и поради тоа што викендов ми носи одлични спомени од мојата прва Формула 1 победа и би било супер да го почнам европскиот дел од сезоната со победа  смета Верстапен.


Верстапен: Барселона е клучна за Ред Бул

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>