Версапен: Немаме никакви проблеми со Рикардо

112

Макс Верстапен потврди дека нема никаков проблем во односот помеѓу него и Даниел Рикардо по сударот кој ги елиминираше од Азербејџанското Гранд При.

Во својата изјава за италијански Autosport, Макс потврдува дека нема недоразбирање со својот колега.

Јасно е ека разговаравме за инцидентот. Даниел и јас сме ок еден со друг. Знаеме и видовме што се случи и свесни сме дека тоа не е воопшто добро за екипата. Сме имале силни битни во минатото и секогаш било во ред.

Овојпат беше силна битка, но беше фер. Сега, треба да отидеме во Милтон Кинс и да им се извиниме на сите.

Мораме да останеме позитивни затоа што сметам дека имаме добри шанси за следната трка во Барселона затоа што ќе донесеме многу новини кои изгледаат навистина одлично – појасни Верстапен.

Тој изгледа загрижен за воведување на евентуални тимски наредби во екипата, слично на Форс Индија по жестокото тркање на Окон и Перез лани.

Загрижен сум, но мислам дека нема да одиме дотаму.

Тоа е добро, но мораме пред се да мислиме на тимот како целина, а на крајот на трката ние не мислевме на екипата.


Версапен: Немаме никакви проблеми со Рикардо

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>