Вајтинг побарал од екипите поиздржливи крила

81

Пјер Гасли откри дека Чарли Вајтигн им кажал на тимовите дека доколку сакаат да “ги јаваат“ тротоарите во Австрија, мора своите крила да ги направат посилни, откако Торо Росо имаше проблеми во Петок. Гасли и Хартли се мачеа со високите странични тротоари на Ред Бул Ринг во текот на двете 90-минути сесии.

Пјер дури ја скрши предната суспензија, Макс Верстапен го оштети подот, додека Стофел Вандорн го скрши носот. ФИА преку Чарли Вајтинг одлучиле наместо да се намали висината на тротоарите, да се сугерира на тимовите да ги засилат своите конструкции.

Мислам дека оштетивме три носеви само во Петок затоа што високите тротоари се секаде. “Бркате“ време по круг и како возач сакате побрзо време и поради тоа ги користите и тротоарите,

Но, проблемот е што тротоарите се превисоки и го оштетуваат болидот. Јас оштетив две предни крила кои во моментов се на поправка, а истотого направи и Брендон.

На брифингот сите бевме со истиот став, но Чарли ни кажа да ги направиме предните крила посилни. Сепак, во моментов не можееме да направиме ништо – заклучи Гасли.


Вајтинг побарал од екипите поиздржливи крила

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>