Вајтинг објасни зошто ги забранил ретровизорите на Ферари

614

Директорот за трка во Формула 1, Чарли Вајтинг, вели дека ФИА не се согласува со либералната интерпретација на правилата од страна на Ферари, а во врска со монтирањето на нивнит еретровизори на хало, нешто на што бевме сведоци во Шпанија.

Иако италијанците добија дозвола да го комплетираат викендот со дизајнот, ФИА им забрани истиот да го користат понатаму, за Чарли објасни зошто.

Има многу либерална и слободна интерпретација на зборот монтирање. На тој начин тие изгледаат легални затоа што никаков дел не е дозволен во таа област. Интерпретацијата се однесува на тоа дали истите се монтирани или не за халото. Не сметаме дека вистински го интерпретираат тоа што го прават и поради тоа превземавме мерки.

Доколку ретровизорите беа јасно прекршување на правилата, немаше да имаат дозвола да го комплетираат викендот, тоа им го кажавме на сите – потенцираше Вајтинг.


Вајтинг објасни зошто ги забранил ретровизорите на Ферари

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>