Вајтинг: Асен би бил одличен за Ф1

121

Директорот за трка во Формула 1, Чарли Вајтинг, смета дека холански Асен ќе биде одлична патека за Формула 1 трка, иако се потребни мали промени за да се задоволат строгите стандарди на Федерацијата.

МотоГП традиционално се трка во Асен, а по објавата на намерата на сопствениците да ја донесат и Формула 1 на таа патека, МотоГП возачите се побунија поради фактот што сметаат оти болидите го “раскопуваат“ асфалтот.

Асен никогаш немал Формула 1 трка и сите 33 Холандски Гранд При трки биле организирани во Зандворт/ Сепак, во Јануари годинава, во Асен на инспекција бил Чарли Вајтинг со цел патеката да ја добие потребната дозвола.

Според последната листа на ФИА, Асен има оценка 2, исто како и Брендс Хеч и Донингтон во Англија, а за организација на Гранд При трка потребна е оценка 1. Вајтинг потенцираше дена на патеката и треба дополнителни тротоари и заштити како и Текпро бариери во одредени место, а конфигурацијата нема потреба да претрпи промени.

Од моја перспектива, со мали модификаци Асен ќе биде одлична Формула 1 патека. Верувам дека локацијата исто така е одлична, но тоа е се што знам. Не знам дали има некакви комерцијални преговори во позадина – појасни Вајтинг.

Како опција се споменува и Зандворт, патека која исто така има оценка 2 од ФИА и која последен пат била домаќин на трка во 1985 година. Во моментов таму се вози ДТМ и Формула 3 тркачките серии.

Не сме правеле никакви симулации за Зандворт и не е во ред да давам никаква изјава. Мислам дека и то е одлична патека, но не знам како ќе минат симулациите и колку работа ќе биде неопходна. Сметам дека од двете холандски патеки помалку работа за трка ќе му треба на Асен – заклучи Чарли.

Можноста од организација на Формула 1 трка во Холандија порасна со влезот на одличниот Макс Верстапен во спортот. Шпекулациите велат дека над 20.000 холански фанови го следеле Австриското Гранд При викендов како поддршка за 20-годишнио возач.

Формула 1 и МотоГП делат само четири патеки, Барселона, Ред Бул Ринг, Силверстон и КОТА во Америка. Првите три добија нов асфалт годинава по барање на МотоГП.


Вајтинг: Асен би бил одличен за Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>