Васур: Заминувањето на Зандер е многу чудно

116

Тимскиот шеф на Заубер, Фредерик Васур, откри дека заминувањето на Техничкиот директор Јорг Зандер од екипата е чудно и поврзано со проблеми од лична природа. Тимот објави минатата недела дека Зандер заминува од Хинвил и дека ќе се променат работи во тимската структура.

Швајцарскиот весник Blick пренесува дека заминувањето на Јорг дошло како резултат на неколку инциденти од лична природа во кои германецот прекумерно консумирал алкохол.

Моравме да се разделиме во многу чудни околности. Но, исто така мораме да гледаме кон напред и веќе почнуваме да го развивам следниот болид, а исто така ни претстои и Барселона, така што мораме да видиме како ќе минеме таму – појасни Васур.

Зандер стана дел од Заубер на крајот на 2016 година откако претходно беше главен во ВЕЦ одделот на Ауди. Во минатото, 54-годишниот инженер работел и за БМВ, Вилијамс, Хонда и Браун со кои стигна и до титула.


Васур: Заминувањето на Зандер е многу чудно

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>