Васур задоволен од постигнатото

45

Тимскиот шеф на Заубер, Фредерик Васур, смета дека резултатот во Азербејџан е одлично постигнување за целата екипа. Леклер беше брилијантен и го освои 6то место преку своите први Формула 1 поени во својата 4та трка во серијата, а на крајот беше навистина блиску до возачите пред себе.

Маркус Ериксон заврши како 11ти и поени му избегаа за само половина секунда, но тој се мачеше поради инцидентот и сударот од првиот круг за што беше и казнет со 10 секунди.

Задоволни сме од завршената работа цел викенд почнувајќи од првата сесија во Петок и преку добрите квалификации. Шарл стигна до своите први Формула 1 поени со пласманот на 6то место, имаше силен ритам и беше многу константен така што ова е голем чекор за него и може да биде горд на тоа што го постигна.

Маркус силно се бореше, беше дел од инцидент на почетокот на трката што го врати назад во поредокот, но успеа да се врати и да гати приклучок со средината. На крајот заврши на 11то место и беше многу блиску до поени – анализира Васур.

Трката е дотолку подобра ако се знае дека Заубер беа подобри од Хаас со кои возат со идентични мотори, но Фред не сака “да се занесува“ и сака фокус за продолжување со добрата работа.

Одлично постигнување за тимот, не само поените, туку и ритамот е одличен од првата серија. Мораме да останеме фокусирани за да продолжиме со добрата работа – заврши Фред.


Васур задоволен од постигнатото

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>