Вандорн сака да продолжи со Мекларен

67

Стофел Вандорн ги загуби сите досегашни 5 квалификациски сесии од својот колега Фернандо Алонсо, а поените се 32:8 на страната на шпанецот. Сепак, Стофел смета дека разликата не е голема како што се гледа по поените.

Не мислам дека има голема разлика помеѓу Фернандо и мене. Разликата е мала, но кога се борите со најдобрите возачи на светот, дури и кога имате добар ден не ви гарантира дека ќе завршите пред него. Фернандо е еден од најдобрите возачи на гридот кога се работи за вадење на последниот атом од болидот. Не сме толку далеку во однос на перформансите како што понекогаш се чини – објасни белгиецот за француски El Pais.

И покрај тоа што екипата од Вокинг не е на местото на кое се надеваа да бидат, Стофел сака да остане во екипата следната сезона и поради тоа не разгледува никакви опции на друго место.

Имам одличен однос со компанијата, на важна позиција сум за нив и сметам дека тимот има одличен потенцијал за во иднина. И покрај тоа што не ги исполнивме очекувањата, во Вокинг има група на луѓе кои се способни да направат мнгоу брз болид.


Вандорн сака да продолжи со Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>