Вандорн благодарен на последното менување гуми

111

Менувањето на гуми кај Стофел Вандорн при крајот на трката додека на патеката сеуште беше Безнедбносното возило ја спасило трката на белгиецот. Стофел се мачеше уште на квалификациите и не можеше повеќе од 16то место и К1, а на трката тешко се враќаше во поени и покрај многуте инциденти кои се случуваа.

По сударот во Ред Бул, белгиецот смени суперсофт гуми, но откако во ѕидот заврши и Роман Гросжан, тој повторно промени свежи и загреани ултрасофт подготвувајќи се за рестартот, иако беше последен во тие моменти. Овој потег се покажа одличен затоа што Стофел стигна до последното место кое носи поени.

Лудо попладне, иако трката секогаш е луда, а денеска повторно тоа се покажа.

До средина мислев дека загубив се и дека немам никакви шанси за поени, но Безбедноното возило и нашата стратегија да добијам свежи и топли гуми кога сите останати се мачеа со темепратурата се покажа одлично. Да се биде последен во тој момент воопшто не беше лоша работа, верував во себе и претекнав неколку болиди и одеднаш повторно бев во топ 10.

Сеуште немаме доволна брзина на правците што значеше дека не можам да напаѓам и да се бранам како што сакав така што работа имаме колку сакаме, но сепак сме задоволни со двојните поени викендов – објасни Вандорн.


Вандорн благодарен на последното менување гуми

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>