Булие “се колне“ во новините на Мекларен

337

Мекларен има многу надеж во новините и подобрувањата кои ќе ги претстави во Барселона со цел подобри перформанси, иако Ерик Булие е свесен дека и конкуренцијата нема да седи со скрстени раце. Иако сметаат дека не ги исполниле очекувањата, екипата од Вокинг редовно завршува во поени и се наоѓа на 4то место во конструкторскиот поредок.

Ерик Булие, тркачкиот директор на екиапта се надева дека МЦЛ33 болидот ќе ги донесе поблиску до ривалите од врвот на колоната.

Ќе следиме нова насока од Барселона, но не може да се очекува огромен скок пред сите. Знам дека 95% од падокот ќе донесе многу нови аеродинамички делови во Барселона така што релативните перформанси ќе останат исти, некои малку ќе добие, некој малку ќе загуби.

Од нас зависи како ќе работи нашиот развој и дали ќе ги оправда очекувањата, а потоа останува да се надеваме дека останатите нема да напреднат со иста сила како и ние – изјави Булие за шпански El Confidencial.


Булие “се колне“ во новините на Мекларен

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>