Булие не помислува на оставка

73

Ерик Булие, тркачкиот директор на Мекларен, верува во својата способност да ги подобри перформансите на екипата и не го засегнуваат шпекулациите околу негово повлекување. Тимот од Вокинг е полн со оптимизам откако промени од мотори на Хонда на мотори на Рено оваа година, но сеуште значително заостанува во однос на лидерите.

Техничкиот директор, Тим Гос, замина од екипата по само три трки сезонава, но Булие не смета дека тој е следниот.

Верувам дека можам да му помогнам на Мекларен да се врати на врвот. Во минатото менаџирав, ревитализирав и реструктурирав неколку екипи и победив со сите од нив во соодветните категории. Ја знам мојата работа и знам дека можеме да стигнеме до целта – смета францускиот шеф.

Тој не негира дека можни се дополнителни заминувања екипата доколку тоа му носи бенефит на тимот.

Верувам во луѓето кои ги имаме, верувам во менаџерите, секогаш сакате силно раководство, добра комбинација и голеа флексибилност. Сепак, знаеме дека мораме да ги решиме проблемите исто како што знаеме дека имаме проблеми.

Знаеме што треба да нарпавиме, знаеме дека треба да ја подобриме издржливоста и перформансите затоа што има други екипи со истиот мотор и можеме да имаме репер во нив. Знам дека напредуваме и дека правиме одлична работа за да ја вратиме издржливоста – заклучи Булие.


Булие не помислува на оставка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>