Британија, Т1: Хамилтон предводник на 1-2 на Мерцедес

469

Луис Хамилтон пристигна во Силверстон по тешката трка во Австрија, а по првите 90 минути пред домашната публика тој беше најбрз. Британецот кој е петкратен победник на оваа патека беше пред Валтери Ботас со време побрзо од речиси една секунда пред ривалот од Ферари Себастијан Ветел.

Даниел Рикардо и Кими Раиконен беа на 4та и 5та позиција. Финецот не помина без грешки бидејќи излета кога поминуваше низ кривината Брукленд. Се врати на патека без оштетување и пред вториот Ред Бул на Макс Верстапен. Холанѓанецот се паркираше покрај патеката на неколку минути до крајот поради проблем со менувачот.

Разликата меѓу топ тимовите и средниот ред ќе дојде до израз на Силверстон каде Форс Индија и Хаас се обидуваат да профитираат во меѓусебна борба за најдобри од останатите.

Хаас за време на тренингот имаа проблеми, а Кевин Магнусен заврши на 14та позиција и имаше неколку блиски моменти со Фернандо Алонсо и треба да одговара пред стујардите, додека Роман Гросжан направи грешка во првиот свиок и заврши во заштитните бариери. Сепак тој беше најбрз од останатите и беше на седмо место.

Двете Форс Индии на Перез и Окон беа 8 и 9, пред Ленс Стол кој заврши на последната позиција од топ 10.

Зауберот на Маркус Ериксон беше 11ти пред Гасли и Леклер. По Магнусн следи Карлос Саинз кој беше подоброто Рено од неговиот тимски колега Нико Хулкенберг кој беше 17ти.

Со заминувањето на Ерик Булие проблемите се чини дека не заминаа и Стофел Вандорн заврши на 16та позиција а Фернандо Алонсо на 19та позиција. Второто Торо Росо на Брендон Харли беше на 18то место и на крајот е Сергеј Сироткин кој се изврте во свиокот Клуб.


Британија, Т1: Хамилтон предводник на 1-2 на Мерцедес

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>