Браун: Рикардо беше само патник во сударот

338

Спортскиот шеф на Формула 1, Рос Браун, смета дека Даниел Рикардо во својот Ред Бул бил само патник во сударот со својот тимски колега во пресрет на првата кривина во Азербејџан.

Во борба за 4то место, болидите на Ред Бул се судрија на 11 кругови пред крајот на трката по што останаа без никаков пласман и со многу лути шефови. Рос смета дека сударот е длумно резултат на денешните аеродинамички правила кои прават следењето на болидите да биде многу тешко.

Не сакам да коментирам кој е одговорен и како тимот да ги менаџира проблемите, но сметам дека одлуката на стјуардите да се опоменат двајцата возачи беше исправна.

Сепак, сакам да потенцирам еден технички факт. Штом Даниел ја одбра својата линија на движење, а Макс се помести за да го блокира, австралијанецот стана само патник во болидот. Загубата на потисната сила кај Рикардо поради тоа што беше толку блиску до Верстапен го направи неговиот болид невозможен за сопирање.

Секогаш гледаме на потисната сила низ кривини како и нејзиното влијание на дополнителниот грип во текот на кочењето. Одземете го тој груп додека кочите и ќе ви стане јасно што се случи во Недела – анализира Рос.


Браун: Рикардо беше само патник во сударот

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>